Продолжуваат воените маневри на азербејџанската армија со учество на 20 илјади војници

Азербејџанската армија реализира воени маневри од широк обем на кои што учествуваат 20 илјади војници

1006242
Продолжуваат воените маневри на азербејџанската армија со учество на 20 илјади војници

Воените маневри од широк обем на азербејџанската армија кои што се реализираат со учество на 20 илјади војници продолжуваат со гаѓање на демонстративни непријателски цели.

Во објавеното соопштение од министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека според планот одобрен од страна на претседателот Илхам Алијев во рамките на воените маневри кои што започнаа на 2 јули е реализирана фазата со гаѓање.

Во соопштението се споделуваат информации дека на маневрите учествуваат 20 илјади војници, 120 тенка и оклопни возила, повеќе од 200 ракетни системи и топови и 30 авиони и хеликоптери, а воедно се додава дека е реализирано гаѓање на демонстративни непријателски цели и притоа се уништени поставените цели.

Воените маневри на кои што е испробано и новото оружје на азербејџанската армија ќе продолжат до 6 јули.



Слични вести