Германија призна дека ЈПГ е сириски продолжеток на терористичката организација ПКК

Во извештајот на Германската агенција за заштита на уставот се истакнува дека ПЈД и ЈПГ кои ги доведуваат во опасност надворешните интереси на земјата се продолжетоци во Сирија на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1006461
Германија призна дека ЈПГ е сириски продолжеток на терористичката организација ПКК

Германската агенција за заштита на уставот за внатрешно разузнавање, констатира дека ПЈД и ЈПГ кои ги доведуваат во опасност надворешните интереси на земјата се продолжетоци во Сирија на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во извештајот составен од 138 страници објавен на интернет страницата на Агенцијата за заштита на уставот во покраината Шлезвиг-Холштајн се земени под лупа состојбите во 2017 година на илегалните групи и терористичките организации кои делуваат во земјата.

Во извештајот за ПЈД се употребува изразот „братска организација на ПКК“ и се изнесува констатацијата дека и ЈПГ е едниот од продолжетоците во Сирија на терористичката организација ПКК.

Во извештајот се вели дека ПЈД располага со различна структура во Германија и се истакнува дека ПЈД во покраината  Шлезвиг-Холштајн не е организирана како здружение, но дека делува во склопот на здружението блиска со ПКК во Кил. 

Во извештајот се потсетува дека ПКК од 22 ноември 1993 година е забранета во Германија и се напоменува дека воедно и Европската унија (ЕУ) во 2002 година ја внесе ПКК во списокот на терористичи организации. 

Се привлекува внимание дека ПКК ја смета Германија за центар за засолнување и финансиски извор и се нагласува дека поиддржувачите на организацијата во правец на своите интереси во Европа се откажале од акции на насилство од големи димензии, дека наместо тоа ја поддржуваат ПКК со собирање на пари, одржување на протести и со организирање и оваа состојба ја доведува во опасност внатрешната политика на Германија. 

Во извештајот во кој на терористичката организација ПКК и се одделуваат 3 страници се укажува на тоа дека во Германија има 14.500 симпатизери на оваа терористичка организација од кои пак 700 живеат во покраината Шлезвиг-Холштајн.

Во извештајот се привлекува внимание дека и Германскиот демократски центар на курдската заедница (НАВ-ДЕМ) со статус на здружение делува во правец на целите на ПКК.

Освен тоа во извештајот се изнесува констатацијата дека терористичката организација која делува тајно и илегално во хиерархиска структура ги продолжува своите активности за вршење пропаганда со тоа што ја поделила Германија на 33 области.



Слични вести