СБ на ОН утре ќе одржи седница посветена на растечките судири во југозападниот дел на Сирија

На барање на Шведска-претседавачот на Советот за безбедност на ОН за јули и Кувајт Советот утре ќе одржи седница на која ќе бидат разгледани растечките судири и хуманитарната состојба која што оди кон лошо во југозападниот дел на Сирија

1005277
СБ на ОН утре ќе одржи седница посветена на растечките судири во југозападниот дел на Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) утре ќе одржи седница посветена на растечките судири во југозападниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение од Постојаното претставништво на Обединетите нации (ОН) на Шведска претседавачот на Советот за безбедниост за јули се истакнува дека на барање на Шведска и Кувајт Советот во четврток (утре) ќе одржи своја седница  на која ќе бидат разгледани растечките судири и хуманитарната состојба која што оди кон лошо во југозападниот дел на Сирија. 

Во соопштението се укажува на тоа дека страните во Сирија се неуспешни во одбраната на цивилите и цивилните загуби и се упатува повик за зголемување на напорите за намалување на затегнатоста и насилството.

Обединетите нации (ОН) често повторуваат дека поради судирите постои загриженост за животот на 750 илјади лица во југозападниот дел на Сирија.

Светската Организација на обединетите нации (ООН) соопштува дека поради жестоките воздушни напади во околината на Дера која се наоѓа во границите на областа за намалување на затегнатоста на југот на Сирија се принудени на раселување помеѓу 270 и 330 илјади лица и дека овие лица бегаат кон границата со Јордан, а воедно упатува повик до Јордан за отворање на своите граници за бегалците.



Слични вести