ОН изразија загриженост од одлуката на израелските власти за рушење на палестински куќи

ОН изразија загриженост од одлуката на израелските власти за рушење на куќите во селото Хан ел Ахмет Бедеви кое што се наоѓа на другата страна од Сепарацискиот ѕид во окупираниот Источен Ерусалим.

1005318

Лиз Тросел портпаролка на Високиот комесаријат за човекови права на ОН на конференција во Женеве рече: „Чувствуваме длабока загриженост поради од одлуката на израелските власти за рушење на куќите во селото Хан ел Ахмет Бедеви.

Таа додаде дека во селото Хан ел Ахмет Бедеви живеат 181 лице од кои повеќето од половината се деца.

Торсел се заложи одлуката на израелските власти за рушење на куќите во ова село да не се спроведува, да се почитува правото на Палестинците да живеат на својата земја и нивниот статус да биде трајно регулиран.Освен тоа, треба да се забрани уништување на имот, како и било кое непочитување на универзалните човекови права од страна на окупаторски сили.,додаде Торсел.

Врховниот суд на Израел на 24 мај донесе одлука за рушење на куќите на Палестинците во селото Хан ел Ахмет Бедеви.

Селото се наоѓа во рамките на израелскиот проект Е1 кој што предвидува иселување на Палестинците од површина од 12 хектари која се наоѓа меѓу Источен Ерусалим и Мртво море.

Во ова подрачје постојат 46 палестински села со над 3000 жители, но и неколку израелски населби.

Слични вести