Израелските војници ранија млад Палестинец кој во својата рака носеше турско знаме

Израелските војници во близина на пограничната област на Газа ранија во ногата еден млад Палестинец кој во својата рака носеше турско знаме

1005361
Израелските војници ранија млад Палестинец кој во својата рака носеше турско знаме

Израелските војници повторно интервенираа врз Палестинците кои одржуваат протести на југот на Газа.

Како што се истакнува израелските војници интервенирале со вистински боеви куршуми и гасни бомби врз палестинските жени кои во рамките на демонстрациите Големиот марш за враќање одржуваат протести на границата со Газа и притоа десетици лица биле повредени и подложени на влијанието на гасните бомби.

Портпаролот на палестинското министерство за здравство во Газа Ешреф ел-Кудра во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „При интервенцијата на израелските војници врз палестинските жени кои одржуваа протести на истокот на Газа со вистински боеви куршуми и со гасни бомби со непознато својство десетици лица се повредени и подложени на влијанието на гасот.“

Кудра во продолжение рече: „При интервенцјата на израелските војници беа повредени од различни места 134 Палестинци од кои повеќето жени, меѓу кои имаше подложени на влијанието и на гасните бомби.“ 

Израелските војници во близина на пограничната област на Газа ранија во ногата и еден млад Палестинец кој во својата рака носеше турско знаме.

Младиот Палестинец и покрај тоа што беше ранет не го остави турското знаме од својата рака и по укажаната прва помош од страна на здравствените екипи беше качен во амбулантно возило. 

Инаку, голем број Палестинци по повод 42-рата годишнина од Денот на земјата на границата на Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада од 30 март продолжуваат да одржуваат мирољубиви протести под името „Големиот марш за враќање“.

Израелските војници пак употребуваат вистински боеви куршуми и гасни бомби врз цивилното население кое бара да се врати на своите територии од каде што е прогонето и да се укине незкаонската блокада на Газа која што се спроведува уште од 2006 година.

 



Слични вести