Генералниот секретар на ОН Гутерес ќе назначи нов специјален претставник за Кипар

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес ќе назначи нов специјален претставник за Кипар и тоа најверојатно ќе биде Џејн Хол Луте

1005406
Генералниот секретар на ОН Гутерес ќе назначи нов специјален претставник за Кипар

Обединетите нации (ОН) соопштија дека високиот функционер кои ќе ги води консултациите по прашањето на Кипарскиот проблем е Џејн Хол Луте за која се вели дека ќе биде назначена на должност „Специјален претставник за Кипар“.

Фархан Фаг, едниот од портпаролите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) на прашањето на новинската агенција Анадолија; „Кој ќе биде високиот функционер на ОН кој ќе биде испратен од страна на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес на Кипар на разговори со страните и кога ќе се оствари посетата на островот?“ одговори со зборовите: „Генералниот секретар побара од Џејн Хол Луте да одржи консултациони разговори со сите страни учесници на Конференцијата за Кипар и Џејн Хол Луте моментално ги планира чекорите кои што ќе ги фрли.“

Инаку, претходно беа објавени вести во медиумите  околу тоа дека Џејн Хол Луте ќе биде назначена на должност специјален претставник на ОН за Кипар, меѓутоа функционери на ОН не објавија било каква изјава по ова прашање.

Инаку, генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес во извештајот што го поднесе до Советот на безбедност на ОН во врска со процесот за изнаоѓање решение за Кипарскиот проблем истакна дека во блиско време ќе назначи висок функционер на ОН на Кипар, а како што рече за да се утврди дали се формирани услови кои што ќе обезбедат можност за започнување на значаен процес на островот од одржаните разговори во швајцарскиот град Кран Монатана, минатата година, досега.  

 



Слични вести