Во експлозија во источниот дел на Газа загинаа две лица, а 8 лица се ранети

Портпаролот на палестинското министерство за здравство Ешреф Кудра истакна дека во маалото Шуџаијје во источниот дел на Газа дошло до експлозија во која животот го загубиле две лица, а 8 лица биле ранети

1003253
Во експлозија во источниот дел на Газа загинаа две лица, а 8 лица се ранети

Во експлозија во маалото Шуџаијје во источниот дел на Газа животот го загубија две лица, а 8 лица се ранети.

Портпаролот на палестинското министерство за здравство Ешреф Кудра во објавеното писмено соопштение истакна дека во маалото Шуџаијје во источниот дел на Газа дошло до експлозија во која животот го загубиле две лица, а 8 лица биле ранети.

Кудра не даде информации во врска со причината на експлозијата.

Портпаролот на полицијата во Газа Ејмен ел-Батниџи пак истакна дека причина за експлозијата биле големи количини на пиротехнички средства (петарди).



Слични вести