Во бомбашки напад на магацин со гласачки кутии во Киркук се ранети 19 лица

Во градот Киркук во северниот дел на Ирак е реализиран напад со возило-бомба на магацин каде што во кутии биле чувани гласачки ливчиња кои што биле употребени на одржаните општи избори на 12 мај и се ранети 19 лица

1003400
Во бомбашки напад на магацин со гласачки кутии во Киркук се ранети 19 лица

Во реализиран бомбашки напад на еден магацин каде што се наоѓале гласачки кутии во градот Киркук во Ирак се ранети 19 лица.

Афрасјав Камил, одговорен за печатот во Управата на полицијата во Киркук истакна дека во квартот на патот за Багдад во градот бил реализиран напад со возило-бомба на магацин каде што во кутии биле чувани гласачки ливчиња кои што биле употребени на одржаните општи избори на 12 мај.

Велејќи дека нападот е извршен од страна на самоубиствен напаѓач, Камил појасни дека при експлодирање на возило натоварено со бомби на влезот на магацинот биле ранети вкупно 19 лица од кои четворица цивили и 15 припадници на безбедносните сили.

Камил информира дека во експлозијата биле запалени и доведени во неупотреблива состојба и 10 возила кои што биле паркирани на местото на инцидентот и рече: „Цел на нападот беа гласчките кутии во магацинот, меѓутоа тие не беа оштетени.“  

Освен тоа Камил напомена дека во различни делови на Киркук синоќа биле извршени уште два бомбашки напади, но дека во овие напади реализирани со далечинско управување немало човечки загуби.

Инаку, на одржаните општи избори во Ирак на 12 мај беше причинета сенка поради тврдењата за измама и малверзации особено во градот Киркук и во другите области во северниот дел на земјата.

По тврдењата за малверзации и измама на одржаните избори ирачкиот парламент одлучи повторно да бидат изброени гласовите.



Слични вести