Одржани повеќе од 600 протести ширум САД против мигрантската политика на Трамп

Демонстрантите кои извикуваа слогани против американскиот претседател Трамп беа поддржани и од возачите со уклучување на сирените на своите возила

1003353
Одржани повеќе од 600 протести ширум САД против мигрантската политика на Трамп
abd gocmen politikasi protesto2.jpg
abd gocmen politikasi protesto1.jpg

Ширум САД беа одржани повеќе од 600 протести против мигрантската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со која децата на мигрантите кои влегуваат во оваа земја по незаконски патишта се разделуваат од нивните родители.

Илјадници демонстранти во Њујорк, родното место на претседателот Трамп и тврдината на Демократите, маршираа кон мостот Бруклин.

Демонстрантите во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Не разделувајте ги семејствата“, „Доналд Трамп треба да си замине“, „Господине Трамп зошто ја закате мексиканската храна, а не ги сакате Мексиканците? Не разделувајте ги семејствата“, „Нема место за омраза и страв, мигранти добродојдовте“. 

Демонстрантите кои извикуваа слогани против американскиот претседател Трамп беа поддржани и од возачите со уклучување на сирените на своите возила.

Демонстрантите и во главниот град Вашингтон маршираа кон хотелот на Трамп и извикуваа слогани „Засрами се“, „Не е мојот претседател“.

Внимание привлече тоа што семејствата на протестите учествуваа со своите мали деца.

Лин Мануел Миранда, кураторот на театарската претстава мјузиклот Хамилтон која се игра со преполни сали, на протестот на кој што учествуваше испеа приспивна песна, додека светски познатата американска пејачка Алишија Кејс на протестот учествуваше со својата 7 годишна ќеркичка и притоа го прочита писмото напишано од страна на една мајка чие дете и било одземено.

Малите деца кои учествуваа на протестите носеа транспаренти на кои што пишуваше „Децата не треба да се ставаа во кафези“.

Инаку, по реакциите кои што следеа ширум САД и од меѓународната јавност американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша претседателскиот указ  со кој што се става крај на разделувањето на децата на мигрантите кои влегуваат во САД по незаконски патишта од нивните семејства, меѓутоа и покрај тоа сеуште повеќе од две илјади деца се држат одделно од нивните семејства.



Слични вести