На протестите на границата со Газа од 30 март досега се убиени 135 Палестинци

На протестите на границата со Газа кои што се одржуваат под името „Големиот марш за враќање“ од 30 март досега од страна на израелските војници се убиени 135 Палестинци, а 15 илјади Палестинци се повредени

1003239
На протестите на границата со Газа од 30 март досега се убиени 135 Палестинци

На протестите познати под името „Големиот марш за враќање“ на границата со Газа која се наоѓа под израелска блокада кои што продолжуваат од 30 март досега од страна на израелските војници се убиени 135 Палестинци.

За време на овие протести досега исто така беа повредени и повеќе од 15 илјади Палестинци.

Портпаролот на палестинското министерство за здравство во газа Ешреф ел-Кудра изјави за новинската агенција Анадолија дека за време на протестите „Големиот марш за враќање“ кои што продолжуваат од 30 март се повредени 15.200 Палестинци меѓу кои се наоѓаат и лица подложени на влијанието на гасни бомби.

Велејќи „Здравствената состојба на 370 од овие повредени лица е тешка. 2.536 од повредените се деца, а 1.160 жени.“ Кудра истакна дека воедно меѓу повредените се наоѓаат и 231 здравствен работник и 175 мина новинари.

Според податоците на палестинското министерство за здравство, бројот на жртвите од 30 март кога започнаа протестите на границата со Газа достигна до 135 лица.

Голем број Палестинци по повод 42-рата годишнина од Денот на земјата на границата на Западниот Брег кој се наоѓа под израелска блокада од 30 март досега одржуваат мирољубиви протести под името „Големиот марш за враќање“.

Израелските војници пак употребуваат вистински боеви куршуми и гасни бомби врз цивилното население кое бара да се врати на своите територии од каде што е прогонето и да се укине незкаонската блокада на Газа која што се спроведува од 2006 година.

 



Слични вести