Пентагон: САД и коалицијата во Сирија се фокусирани на ДЕАШ, а не на операциите на сирискиот режим

„САД и 77 члената коалиција против ДЕАШ се фокусирани на поразување на ДЕАШ, а не на операциите на режимот во западниот дел на Сирија“ - рече портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон Ерик Пахон

1002960
Пентагон: САД и коалицијата во Сирија се фокусирани на ДЕАШ, а не на операциите на сирискиот режим

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон Ерик Пахон истакна дека неговата земја и коалицијата за борба против ДЕАШ во Сирија се фокусирани  на борбата против терористичката организација ДЕАШ и дека немаат намера да влезат во судир со сирискиот режим.

Пахон кој одговараше на прашањата на новинската агенција Анадолија во врска со напредувањето на Асадовиот режим во Дера, упати повик до сите страни да го намалат нивото на насилството и рече: „САД и 77 члената коалиција против ДЕАШ се фокусирани на поразување на ДЕАШ, а не на операциите на режимот во западниот дел на Сирија.“

Велејќи дека во случај на евентуален напад против силите кои што ги поддржуваат САД ќе се даде потребниот одговор, Пахон застана во одбрана на тоа дека САД не се на страната на одредена територија во Сирија, туку дека само ги штитат своите партнери во некои делови на оваа земја.

Пахон рече: „Нашите дипломати и политичари работат на различни решенија за судирите во Сирија. Ние воедно секогаш се штитиме себе си и ги штитиме нашите партнери со кои што заедно работиме.“

Портпаролот на Пентагон Ерик Пахон воедно потсети дека неговата земја не делува во југозападниот дел на Сирија и го рече следното: „ Ние сме во Ел Таниф и на никого не му препорачуваме да реализира напад врз нашите партнери овде.“

Инаку, сирискиот режим и неговите поддржувачи по заземањето на областите за намалување на затегнатоста во Источна Гута кај главниот град Дамаск и во Хомс во централните делови на Сирија, на 20 јуни започнаа воена операција и во југозападниот дел на земјата.

Во последните  10 дена режимот ја воспостави контролата во населените места во Дера како што се Џаддал, Луббејн, Харран, Бурса Харир, Мелихат Атраш, Нахита, Раким, Сура и Алма со што напредуваше на површина од 317 квадратни километри.

Пред овие напади сириските опозиционери држеа под контрола површина од 2.532 квадратни километри, додека сега располагаат со 2.215 квадратни километри.

Поради жестиките напади бројот на бегалците кои беа принудени да бегаат кон границата на Јордан и Израел изнесува над 150 илјади лица, а воедно според добиени информации бројот на загинатите во нападите достигна до 200 лица.



Слични вести