Израелските војници на границата со Газа убија едно 13 годишно дете и едно 24 годишно момче

Портпаролот на палестинското министерство за здравство во Газа Ешреф ел-Кудра истакна дека за време на интервенцијата на израелските војници биле тешко ранти едно 13 годишно дете и едно 24 годишно момче по што и двајцата го згубиле животот

1002871
Израелските војници на границата со Газа убија едно 13 годишно дете и едно 24 годишно момче

За време на интервенцијата на израелските војници против Палестинците кои во рамките на „Големиот марш за враќање“ одржуваа протести на границата со Газа животот го загубија две лица од кои едно 13 годишно дете и едно 24 годишно момче.

Портпаролот на палестинското министерство за здравство во Газа Ешреф ел-Кудра објави писмено соопштение во кое истакна дека израелските војници за време на протестите „Големиот марш за враќање“ во Хан Јунус на југот на Газа и во источниот дел на градот Рефах интервенирале со вистински куршуми и солзавец.  

Кудра напомена дека притоа за време на интервенцијата едно 13 годишно дете било рането во главата и еден 24 годишен Палестинец по име Мухаммед Февзи ел-Хамајиде кој бил ранет во стомакот и во ногата, по што и двајцата им подлегнале на раните и го згубиле животот.

Велејќи дека за време на интервенцијата на израелските војници со вистински боеви куршуми и со солзавец биле ранети 310 лица од кои тројца надлежни за прва помош, 6 деца и три лица кои биле тешко ранети, Кудра додаде дека 177 од ранетите биле излечени на лице место, а 133 лица биле префрлени на лекување во болници. 

Инаку, заедно и со смртта и на 13 годишното дете  24 годишното момче бројот на Палестинците кои го загубија животот за време на протестите кои што се одржуваат на границата со Газа од 30 март досега се зголеми на 135 лица.

На протестите на 14-тиот петок од Големиот марш за враќање кој што се нарекува „Партнерство во крв и судбина од Газа до Западниот Брег“, и покрај непропорционалната и прекумерна сила што ја употребува Израел учествуваат илјадници Палестинци.

Голем број Палестинци по повод 42-рата годишнина од Денот на земјата на границата на Западниот Брег кој се наоѓа под израелска блокада од 30 март досега одржуваат мирољубиви протести под името „Големиот марш за враќање“.

Израелските војници пак употребуваат вистински боеви куршуми и солзавец врз цивилното население кое бара да се врати на своите територии од каде што е прогонето и да се укине незкаонската блокада на Газа која што се спроведува од 2006 година.



Слични вести