Гутерес повика на итен прекин на растечките судири во југозападниот дел на Сирија

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес изрази длабока загриженост од растечките судири во југозападниот дел на Сирија и упати повик за итен прекин на тамошните воени операции

1002840
Гутерес повика на итен прекин на растечките судири во југозападниот дел на Сирија

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес истакна дека растечките судири во југозападниот дел на Сирија се во „алармантна состојба“ и упати повик за итен прекин на тамошните воени операции. 

Според објавеното соопштение од портпаролството на генералниот секретар на ОН, Гутерес изразил длабока загриженост од судирите во југозападниот дел на Сирија.

Потсетувајќи ги страните за постигнатиот договор за намалување на затегнатоста во југозападниот дел на Сирија минатата година меѓу Русија, САД и Јордан, Гутерес напомена дека и покрај постигнатиот договор за прекин на огнот растечките судири во подрачјето се во „алармантна состојба“.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес привлече внимание и на тоа дека судирите влијаат негативно и на активностите за доставување хуманитарна помош и упати повик до гаранторите на постигнатиот договор „да се придржуваат кон прекинот на огнот и под итно да се стави крај на воените операции“.

 



Слични вести