Објавена заедничка завршна декларација на крајот на лидерскиот самит на ЕУ во Брисел

Во задничката завршна декларација се вели дека благодарение на преземените мерки незаконската миграција во ЕУ е намалена за 95 насто, а воедно се укажува на тоа дека се забележува раст во мигрантскиот бран на рутите на источниот и западниот Медитеран

1002467
Објавена заедничка завршна декларација на крајот на лидерскиот самит на ЕУ во Брисел

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) ја соопштија заедничката завршна декларација на лидерскиот самит на ЕУ во која се внесени донесените одлуки во однос на прашања како што се миграцијата, Русија, безбедноста и трговијата.

Во заедничката завршна декларација на Самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ) кој се одржа во Брисел се привлекува внимание дека благодарение на преземените мерки во врска со имигрантите незаконската миграција во ЕУ е намалена за 95 насто, а воедно се укажува на тоа дека се забележува раст во мигрантскиот бран на рутите на источниот и западниот Медитеран. 

Во декларацијата се наведува дека ќе продолжи солидаризацијата со фронталните земји од кои имигрантите влегуваат во Европската унија (ЕУ) како што е Италија и е одлучено со блиска соработка со трети земји да се истражува идејата за собирање на имигрантите кои се спасени од морето во „регионални евакуациски центри“ надвор од границите на земјите членки.

Во декларацијата се истакнува дека сите земји членки треба да преземат одговорност за спасените имигранти на териториите на Европската унија (ЕУ).

„Донесена е одлука за ослободување на втората транша од финансиската поддршка во вкупшен износ од 3 милијарди евра наменета за сириските бегалци во Турција“ - се вели во заедничката завршан декларација и се информира дека е донесена одлука за донирање на 500 милиони евра и во Фондот на ЕУ за Африка. 

Во декларацијата се нагласува дека Европската унија (ЕУ) треба да преземе поголема одговорност за да би била доверлив партнер во сферата на воспоставување на сопствената безбедност и одбрана.

Во декларацијата се вели дека одлуката на САД за воведување на дополнителни царински даноци за увезениот челик и алуминиум не може да се оправда со национални безбедносни причини и дека целосно се поддржуваат контра мерките (одмаздничките мерки) на Европската унија (ЕУ) за одбрана на пазарите.

Во декларацијата се напоменува и тоа дека ЕУ го поддржува договорот со кој е изнајдено решение во спорот за името помеѓу Грција и Македонија.

Се упатува повик до Русија да прифати одговорност за соборувањето на патничкиот авион МН17 во сопственост на Малезиската авиокомпанија и се нагласува дека Русија треба да соработува за да се обелодени вистината во врска со случајот.



Слични вести