МНР на Иран: Ќе се спротивставиме на санкциите на САД

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими рече: „Иран ќе се спротивстави на санкциите на САД кои ги спроведуваат ослонувајќи се на внатрешните динамики на Иран и искористувајќи го својот меѓународен капацитет“

1001743
МНР на Иран: Ќе се спротивставиме на санкциите на САД

Иран соопшти дека ќе се спротивстави на санкциите на САД кои ги спроведуваат ослонувајќи се на внатрешните динамики на Иран и искористувајќи го својот меѓународен капацитет.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими на повикот на САД до своите сојузници да го сопрат увозот на нафта од Иран до ноември одговори со зборовите: „Иран ќе се спротивстави на санкциите на САД кои ги спроведуваат ослонувајќи се на внатрешните динамики на Иран и искористувајќи го својот меѓународен капацитет.“

Застанувајќи во одбрана на тоа дека САД одат кон осаменост во светот, Касими го рече следното: “Американскиот претседател Доналд Трамп изгледа заборавил дека светот веќе не е оној стар свет на полето на меѓународната политика.“ 

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими напомена дека земјите во светот ќе го направат својот избор во правец на своите интереси, а воедно додаде дека насилното наметнување на сопствената политика на една земја над другите земји остана во средниот век.



Слични вести