Мајк Помпео : Претстои период на поплодна соработка со Турција

Американскиот државен секретар за надворешни работи Мајк Помпео изјави дека претстои период на поплодна соработка со Турција, особено после изборниот период во оваа земја.

1001412
Мајк Помпео : Претстои период на поплодна соработка со Турција

Американскиот државен секретар за надворешни работи Мајк Помпео изјави дека претстои период на поплодна соработка со Турција, особено после изборниот период во оваа земја.

Помпео одговараше на прашањата на сенаторите посветени на буџетот за 2019 година.

Изјавата на Помпео за Турција ги наговестуваат идните однсои меѓу двете земји.

Подвлекујвајќи дека изминатиот период беше обележан со проблеми во односите со Турција,Мајк Помпео додаде дека Турција изразуваше незадоволство од американската соработка со терористичката организација ПЈД/ЈПГ, воено крило на терористичката организација ПКК во Сирија.

На парашњето на републиканскиот сенатор Линдзи Греем “ Претседателот Реџеп Тајип Ердоган е реизбран за уште 5 години, како може Конгресот да му помогне на управата на претседателот Доналд Трамп околу тоа Турција да ја гледаме како подобар сојузник? “ Помпео одговори:

„Пред 3 недели постигнавме согласност околу ослободување на Менбич од терористите. Сега откога изборниот процес во Турција заврши може повторно да преговараме со Турција,овој пат по продуктивно.“

Помпео додаде дека треба да се прифати фактот дека Турција е дел од политичкото решение во регионот и дека треба да се прифати реалноста да се соработува со Турција.

 

 

 



Слични вести