Дизволен влез во Малта за бродот со 234 илегални имигранти

На бродот на кој се наоѓаа 234 илегални имигранти му беше издадена дозвола за влез во Малта по постигнатиот договор меѓу оваа земја и уште 7 земји членки на Европската унија (ЕУ)

1001603
Дизволен влез во Малта за бродот со 234 илегални имигранти

Дозволен влез во Малта за бродот по име: „Mission Lifeline“ во сопственост на една граѓанска организација кој превезуваше 234 илегални имигранти кои беа спасени од Средоземното Море во близина на либиското крајбрежје.

Бродот на кој се наоѓаа 234 илегални имигранти по постигнатиот договор меѓу Малта и уште 8 земји членки на ЕУ, пристигна во оваа земја.

Четири лица од кои три бебиња кои се наоѓаа на бродот кој инаку една недела како  чека во морето беа префрлени на лекување во болница.

Останатите илегални имигранти пак беа однесени во Центарот за прифаќање бегалци.

Согласно постигнатиот договор меѓу 8 земји членки на ЕУ илегалните имигранти по завршување на нивните законски постапки ќе бидат распределени меѓу наведените 8 земји и тоа Малта, Италија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Белгија и Холандија.

Капетанот на бродот пак беше притворен од страна на полицијата на Малта.

По изјавата која што ќе му биде земена во полицијата капетанот ќе може да се врати на својот брод, меѓутоа бродот кој што е запленет од страна на Малта не ќе може да ја напушти оваа земја.



Слични вести