Децата од Газа пуштија разнобојни балони кон небото

На манифестациите во Газа во организација на Врховниот национален комитет за Маршевите за големо враќање и пробивање на блокадата во Газа, учествуваа голем број палестински деца кои пуштија разнобојни балони кон небото

1001732
Децата од Газа пуштија разнобојни балони кон небото

Децата од Газа пуштија разнобојни балони кон небото на кои што се наоѓаа сликите на лицата кои станале симболи на палестинскиот отпор.

На манифестациите кои што беа одржани во градот Газа и границата кај месноста Џибалије, а во организација на Врховниот национален комитет за Маршевите за големо враќање и пробивање на блокадата во Газа, учествуваа голем број палестински деца.  

Овде децата од Газа пуштија разнобојни балони кон небото на кои се наоѓаа сликите на имињата кои станале симболи на палестинскиот отпор како што се Шеик Ахмед Јасин, едниот од основачите на Хамас и поранешниот палестински претседател Јасер Арафат.

Махмуд Ебу Џерад, едниот од координаторите на манифестацијата, истакна дека овде се за мирољубиви протести и децата да ги пуштат балоните кон небото на кои се наоѓаат сликите на лицата кои станале симболи.  

Џерад рече: „Овде сме за да му ја дадеме на Израел пораката дека Маршовите за големо враќање и пробивање на блокадата се целосно мирољубиви протести.“

 



Слични вести