Од Средоземното Море кај либиското крајбрежје спасени уште 200 илегални имигранти

Од водите на Средоземното Море на оддалеченост од 25 милји од либискиот крајбрежен град Караболи, 60 километри источно од главниот град Триполи, биле спасени уште 200 илегални имигранти

1000841
Од Средоземното Море кај либиското крајбрежје спасени уште 200 илегални имигранти

Од водите на Средоземното Море во близина на градот Караболи во Либија се спасени уште 200 илегални имигранти.

Во објавеното писмено соопштение од Поморските сили на  владата на национален компромис на Либија се истакнува дека од водите на Средоземното Море на 25 милји од крајбрежниот град Караболи, на 60 километри источно од главниот град Триполи биле спасени уште 200 илегални имигранти.

Во соопштението се вели дека илегалните имигранти кои биле спасени со реализирана операција биле Африканци.

Според објавеното соопштение од Поморските сили минатата недела во четвртокот, од морето во близина на градот Караболи биле спасени стотици илегални имигранти.

Инаку, некои од илегалните имигранти кои се обидуваат преку Либија преминувајќи ја пустината Сахара и Средоземното Море да пристигнат во Европа запаѓаат во рацете на криумчарите на луѓе, а некои пак го губат животот во пустината или во водите на Средоземното Море.



Слични вести