Ибади ги повика сите вооружени групи вклучувајќи ја и терористичката ПКК да го остават оружјето

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади упати повик до сите незаконски вооружени групи кои се наоѓаат во Ирак вклучувајќи ја и терористичката организација ПКК да го остават оружјето

1000628
Ибади ги повика сите вооружени групи вклучувајќи ја и терористичката ПКК да го остават оружјето

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади на одржаниот состанок за претставниците на печатот по редовната неделна владина седница во Багдад истакна дека се вложуваат големи напори за „да се прогласат за неуспешни“ изборите кои што беа одржани во земјата на 12 мај.

Ибади рече: „Беа вложени големи напори за да се прогласат изборите за неуспешни. Тоа беше започнато со палење на гласачките кутии.“

Упатувајќи повик до сите илегални вооружени групи кои се наоѓаат во Ирак вклучувајќи ја и терористичката организација ПКК да го остават оружјето, ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади рече: „На владината седница детално разговаравме за прашањето на воспоставување на безбедноста на границите на Ирак со Турција и Сирија. Особено постои тензија во подрачјето на планината Кандил. Тоа е тромеѓето меѓу Ирак, Турција и Иран. Таму речиси нема живот. Нема да и дозволиме на ниту една домашна или странска група искористувајќи ги териториите на Ирак да ја напаѓа Турција. Додека бараме сите групи вон државата да го остават оружјето, како би дозволиле една странска вооружена организација (ПКК) да ја напаѓа соседната земја?“ 

Во врска со зачестените напади и акциите за киднапирање кои што ги реализира во последно време терроистичката организација ДЕАШ пак, ирачкиот премиер Хајдар Ел Ибади рече: „ Се обидуваме да ја гониме ДЕАШ секаде. Им ја скршивме силата веќе се во состојба на расфрлени групи. Се наоѓаат особено во планинските предели кои што не се населени и не е лесно безбедносните сили да влезат таму во тие места.“  

 



Слични вести