Британскиот принц Вилијам во посета на Палестина

Британскиот принц престолонаследник Вилијам, војводата од Кембриџ се состана со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах.

1001099
Британскиот принц Вилијам во посета на Палестина

Британскиот принц престолонаследник Вилијам, војводата од Кембриџ се состана со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах.

Пред тоа принцот Вилијам беше пречекан со официјална церемонија.

Претседателот Абас му се заблагодари на принцот Вилијам на посетата на неговата земја и додаде дека верува во тоа дека оваа негова посета ќе има придонес во зајакнувањето на односите меѓу палестинскиот и британскиот народ.

Осврнувајќи се на  блискоисточниот мировен процес Абас рече: Палестинската страна секогаш се залагала и се залага за мирно решавање на спорот и за мирен соживот меѓу палестинскиот и израелскиот народ.

Британскиот принц престолонаследник Вилијам, одговори дека е возбуден од  првата посета на Палестина и дека чувствува задоволство од блиските односи меѓу двете земји.

Тој додаде: И јас исто како и вие се надевам на постигнујвање траен мир на Блискиот исток.

Принцот Вилијам поред посетата на Палестина ги посети Израел и Јордан.

 



Слични вести