Либија ги ослободи тројцата киднапирани турски инжинери

По долготрајните и стрпливи преговори со либиските власти постигнат е договор за ослободување на турските државјани,вработените на компанијата ЕНКА

998186
Либија ги ослободи тројцата киднапирани турски инжинери

Тројца турски работници, кои беа киднапирани на 3 ноември 2017 година во либискиот град Аубари, се ослободени по 233 дена.

Според информации на извори блиски до Владата на Република Турција, вработените на компанијата ЕНКА, Осман Емре Јајкин, Тугрул Џан Капубагли и Сертач Каран, кои беа киднапирани во либискиот град Аубари, на 3 ноември минатата година, се пуштени на слобода.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги информираше семејствата на ослободените турски инжинери.

Се наведува дека по долготрајните и стрпливи преговори со либиските власти постигнат е договор за ослободување на турските државјани и дека тие во најкраток можен рок повторно ќе бидат заедно со своите семејства.



Слични вести