Засилените напади на сирискиот режим во Дера започнаа нов бегалски бран

По започнувањето на нападите на сирискиот режим и неговите поддржувачи во Дера илјадници семејства бегајќи од северните и источните рурални подрачја се усмеруваат кон границите на југот кои релативно се побезбедни

998155
Засилените напади на сирискиот режим во Дера започнаа нов бегалски бран

Десетици илјади цивли кои бегаат од бомбардирањата на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи кои започнаа операција од широк обем на Дера на југот на Сирија, бегаат кон границата со Голанските висорамнини кои се наоѓаат под окупација на Израел.

По започнувањето на нападите во Дера илјадници семејства бегајќи од северните и источните рурални подрачја се усмеруваат кон границите на југот кои релативно се побезбедни.

На снимките снимени од воздух од страна на новинската агенција Анадолија се гледа како десетици семејства во ненаселените области каде што се дојдени под импровизираните шатори кои што ги поставуваат со сопствени можности се обидуваат да се заштитат од жешкото време.

Цивилите од кои мнозинството го сочинуваат жени и деца се соочуваат со тешкотии во пристапот до вода за пиење и наоѓање места за престојување.



Слични вести