Во интервенцијата на израелските војници на границата со Газа се ранети 206 Палестинци

Во интервенцијата на израелските војници на источната граница со Газа биле ранети  206 Палестинци меѓу кои се наоѓале и лица подложени на влијанието на употребениот солзавец

998097
Во интервенцијата на израелските војници на границата со Газа се ранети 206 Палестинци

Израелски војници интервенираа на Палестинците кои одржуваа мирољубиви протести на границата со Газа при што беа ранети 206 лица.

Портпаролот на палестинското министерство во Газа Ешреф ел-Кудра во објавеното писмено соопштение истакна дека за време на интервенцијата на израелските војници на источната граница со Газа биле ранети  206 лица меѓу кои се наоѓале и лица подложени на влијанието на употребениот солзавец.

Во соопштението се вели дека 44 од повредените лица биле ранети со вистински куршуми и дека 120 повредени лица биле префрлени на лекување во болница.

Палестинците во рамките на протестите „Големиот марш за враќање“ под името „Петок на верност кон ранетите“ одржуваат протести на пет места во должина на границата со Газа.

Мирољубивите протести на Палестинците на границата помеѓу Израел и Појасот Газа кој се наоѓа под блокада се одржуваат од 30 март и израелските војници пукаат со вистински куршуми врз цивилното население кое бара укинување на незаконската блокада кон Газа која што се применува уште од 2006 година.

Палестинците воедно бараат да се вратат на своите територии од кои беа прогонети пред 42 години.

Израелските војници за време на интервенцијата го ранија и фоторепортер на новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency AA) Али Џадаллах кој ги следеше мирните протести на Палестинците на подрачјето на Газа во близина на граница со Израел.

Фоторепортерот беше ранет со вистински куршум во левата рака по што беше префрлен на лекување во болницата Шифа.

 



Слични вести