Талибански милитантни киднапираа 13 работници и 20 чувари во Авганистан

Портпаролот на губернијата на Кандахар Давут Ахмади истакна дека талибански милитанти киднапирале 13 работници и 20 чувари кои биле на работа и на задача за изградба на пат во провинцијата на југот на земјата

997878
Талибански милитантни киднапираа 13 работници и 20 чувари во Авганистан

Талибански милитантни киднапираа 13 работници-техничари и 20 чувари-припадници за обезбедување кои беа на работа и на задача за изградба на пат во провинцијата Кандахар во јужниот дел на Авганистан.

Портпаролот на губернијата на Кандахар Давут Ахмади истакна дека талибански милитанти реализирале вооружен напад на една фирма за изградба на патишта во населеното место Спин Булдек во провинцијата и дека притоа киднапирале 12 работници техничари и 20 чувари-припадници за обезбедување.

Ахмади истакна дека потоа дошло до вооружена престрелка помеѓу талибанските милитанти и авганистанската полиција која дошла на местото на настанот за да ги спаси работниците и притоа во судирот животот го загубиле четворица полицајци, а еден полицаец бил ранет.

Истиот функционер воедно нагласи дека не е познато каде биле однесени киднапираните работници и чувари и дека биле започнати активности за нивно спасување.



Слични вести