Европол во Шпанија приведе 28 лица членови на организација за организиран криминал

Европол соопшти дека 28-те фатени лица во Шпанија членови на организацијата за организиран криминал како што се претпоставува со различни средства за транспорт под опасни услови преку морето помеѓу Мароко и Шпанија пренесле повеќе од 100 деца

997816
Европол во Шпанија приведе 28 лица членови на организација за организиран криминал

Полициската агенција на Европската унија (ЕУ) Европол соопшти дека во реализирана операција на организација за организиран криминал која се бави со криумчарење на деца преку морето помеѓу Мароко и Шпанија за Европа се фатени 28 лица.

Во објавеното соопштение од Европол се истакнува дека 28-те фатени лица во Шпанија членови на организацијата за организиран криминал како што се претпоставува со различни средства за транспорт под опасни услови преку морето помеѓу Мароко и Шпанија пренесле повеќе од 100 деца.

Во соопштението се наведува дека криминалната организација согласно употребените средства за транспорт и временските услови децата ги пренесле за Европа за 2 илјади до 8 илјади евра.

Овие деца откако пристигнувале во Шпанија по наредба на организацијата за организиран криминал се обраќале до полицијата велеле дека и дека немаат никој свој, а потоа биле сместувани во домови и потоа им биле подготвувани документите за дозвола за престој во земјата.

Во реализината операција од страна на Полициската агенција на Европската унија (ЕУ) Европол во домовите на 28-те фатени осомничени лица биле запленети голем број фалсификувани документи, електронски уреди и телефони.



Слични вести