ЕУ ги предупреди Асадовиот режим и неговите сојузници во однос на Дера на југот на Сирија

Во соопштението од канцеларијата на Федерика Могерини се истакнува дека Асадовиот режим и неговите сојузници ги засилија воздушните напади во Дера и дека овие напади стануваат причина цивилите од подрачјето да бегаат кон границата со Јордан

998034
ЕУ ги предупреди Асадовиот режим и неговите сојузници во однос на Дера на југот на Сирија

Европската унија (ЕУ) соопшти дека нападите на режимот на Бешар Асад и неговите сојузници  во Дера на југот на Сирија им се закануваат на цивилите во подрачјето и дека треба да се стави крај на судирите.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини се истакнува дека Асадовиот режим и неговите сојузници ги засилија воздушните напади во Дера и дека овие напади стануваат причина цивилите од подрачјето да бегаат кон границата со Јордан.

Во соопштението се укажува на тоа дека нападите би можеле да предизвикаат мошне сериозни последици од аспект на цивилите и дека овие напади го доведуваат во опасност животот на 750 илјади цивили во ова подрачје.

Во истото соопштение се наведува дека нападите за кои станува збор се реализираат во едната од областите за намалување на затегнатоста кои беа формирани од страна на гаранторите на процесот од Астана и се додава дека треба да бидат преземени сите неопходни мерки за ставање крај на судирите. 

Инаку, подрачјето на Дера на југот на Сирија беше едната од четирите области за намалување на затегнатоста кои што беа формирани од страна на Турција, Иран и Русија во мај во 2017 година во Астана, Казахстан.



Слични вести