Гутерес најави дека наскоро на Кипар ќе испрати висок функционер на ОН

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес истакна дека наскоро ќе испрати висок функционер на ОН на островот кој ќе утврди дали се обезбедени условите кои што ќе овозможат да започне еден нов значаен процес за решавање на кипарскиот проблем

997909
Гутерес најави дека наскоро на Кипар ќе испрати висок функционер на ОН

Генералниот секретар на Обединетите нации ( ОН) Антонио Гутерес во својот последен извештај во врска со процесот за изнаоѓање решение за Кипарскиот проблем што го достави до Советот за безбедност на ОН истакна дека од остварените средби во Кран Монтана во Швајцарија досега официјалниот контакт помеѓу страните на Кипар е на минимум и дека уште еднаш ќе се оствари средба помеѓу претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на Кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис.

Гутерес напомена дека наскоро ќе испрати висок функционер на ОН на островот кој ќе утврди дали се обезбедени условите кои што ќе овозможат да започне еден нов значаен процес за решавање на Кипарскиот проблем.

Апелирајќи до лидерите на островот да ја покажат неопходната политичка волја, да преземат извесни иницијативи за изградба на довербата и да покажат волја за поддршка на овој процес на ОН тогаш кога ќе бидат спремни за повторно започнување на средбите, Гутерес додаде дека овие мерки за зголемување на довербата би можеле да се применуваат заеднички или пак еднострано.

„Имам за цел да се консултирам детално со страните и наскоро да испратам висок функционер на ОН кој ќе утврди  дали се обезбедени условите кои што ќе овозможат да започне еден нов значаен процес од Кран Монтана досега. Ги поттикнувам страните да не ја испуштаат оваа прилика.“ - рече Гутерес.

Правејќи проценка и во врска со резервите на јаглеводороди во Средоземното Море, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес застана во одбрана на тоа дека и двете заедници треба да ги искористат природните извори околу островот Кипар.



Слични вести