Во реализирани напади во Дера на југот на Сирија загинаа 6 цивили, а најмалку 7 цивили се ранети

Во објавеното писмено соопштение за Цивилна одбрана (Белите шлемови) во Дера се истакнува дека  вчера режимот реализира вкупно 750 напади во подрачјето на градот, од кои 6 беа реализирани од воздух

997705
Во реализирани напади во Дера на југот на Сирија загинаа 6 цивили, а најмалку 7 цивили се ранети

Во реализирани напади од страна на режимот на Бешар Асад вчера во подрачјето на градот Дера на југот на земјата животот го загубија 6 мина цивили, а најмалку 7 цивили се ранети.

Во објавеното писмено соопштение за Цивилна одбрана (Белите шлемови) во Дера се истакнува дека  вчера режимот реализира вкупно 750 напади во подрачјето на градот, од кои 6 беа реализирани од воздух.  

Инаку, подрачјето на градот Дера беше едната од областите за намалување на затегнатоста кои што во мај 2017 година беа формирани од страна на Турција, Иран и Русија како земји гарантори во процесот од Астана.

Русија и САД по два месеци го извадија подрачјето на градот Дера од овој статус и го прогласија како одделна безбедносна област.

Потоа САД ја прекина помошта за опозиционерите кои што ги поддржува во ова подрачје.

И покрај сите предупредувања од САД, сирискиот режим и Иран како негов поддржувач по постигнатите придобивки во централните делови на земјата завчера започнаа операција врз Дера за заземање и на југот на Сирија.



Слични вести