Поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан ја критикуваше администрацијата на Трамп

Одвојувањето на САД од Советот за човекови права на ОН претставува врв на иронијата на администрацијата на Трамп

996439
Поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан ја критикуваше администрацијата на Трамп

И поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Бренан го критикуваше одвојувањето на САД од Советот за човекови права на ОН.

На постот на личниот профил на твитер, Бренан го истакна следното:

Одвојувањето на САД од Советот за човекови права на ОН во период кога на нашата граница се вршат безмилосно прекршување на човековите права вклучувајќи и правата на децата, претставува врв на иронијата на администрацијата на Трамп која го уништува срдечниот и праведен имиџ на Америка.

Џон Бренан во текот на целата кариера се најде на низа различни должности во ЦИА а исто така беше и советник на поранешниот американски претседател Барак Обама за внатрешна безбедност. По оставката на Дејвид Петреус, Бренан беше именуван за директор на ЦИА кој оваа фукција ја вршеше од 2013 до 2017 година.



Слични вести