Поддршка од претседателот на Европската комисија Јункер на реформските предлози на Меркел и Макрон

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер истакна дека ги дочекува со задоволство заедничките предлози на Германија и Франција и напомена дека реформите ќе помогнат во постигнувањето напредок во Европската унија (ЕУ)

996274
Поддршка од претседателот на Европската комисија Јункер на реформските предлози на Меркел и Макрон

Претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер во интервју за новинската агенција Ројтерс истакна дека ги поддржува реформските предлози на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Јункер истакна дека ги дочекува со задоволство заедничките предлози на Германија и Франција и напомена дека реформите ќе помогнат во постигнувањето напредок во Европската унија (ЕУ).

Велејќи дека Макрон и Меркел ги презедоа повеќето од доставените предлози од страна на Комисијата на ЕУ и од своја лична страна, претседателот на Европската комисија Јункер истакна дека предлозите се крајно урамнотежени и дека верува оти ќе го олеснат воспоставувањето на компромисот во рамките на Европската унија (ЕУ).

На поставеното прашање како го дочекува предлогот во врска со подготвувањето на специјален буџет за Еврозоната каде што се користи заедничка парична единица, претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер рече: „Кога ќе се прочита внимателно ќе се согледа дека не е определено каков ќе биде буџетот.“



Слични вести