Меркел и Макрон: Отворивме нова страница по прашањето на преземање иницијативи за ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека е отворена нова страница по прашањето на преземање иницијативи за Европската унија (ЕУ)

995758
Меркел и Макрон: Отворивме нова страница по прашањето на преземање иницијативи за ЕУ

По одржаната заедничка владина седница на Германија и Франција што се одржа во дворецот Мазеберг во покраината Бранденбург во Германија, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека е отворена нова страница по прашањето на преземање иницијативи за Европската унија (ЕУ).

Меркел и Макрон по седницата одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

„Отвораме нова страница по прашањето на преземање иницијативи за ЕУ“, рече германската канцеларка Ангела Мерекл и додаде дека Европа треба да даде заеднички одговор против новите предизвици кои што се појавуваат во светот.

Меркел напомена дека на состанокот особено беше разговарано за четири прашања и тоа надворешните, безбедносните и одбранбените политики, миграцијата, економијата и конкурентноста.

Велејќи дека земјите на ЕУ треба да работат повеќе заедно во сферите на надворешната политика, безбедноста и одбраната, Меркел напомена дека затоа конструктивната соработка во сферата на одбраната сакаат да ја прошират со „Иницијативата за европска интервенција“, а воедно додаде ак на тој начин заедничката стратегија би можела да се применува и во испраќање на задача на војската, а не само во развојот на системите на оружје.

Меркел информира дека се едногласни со Макрон по прашањето на посилно презентирање на заедничката надворешна и одбранбена политика во ЕУ во светот на брзи промени.

Осврнувајќи се и на тоа дека прашањето со миграцијата го оценуваат како „заеднички предизвик на ЕУ“, Меркел истакна дека во оваа сфера најпрвин сакаат да вложуваат напори за ставање крај на причините за миграција.

Меркел истакна дека се на страната од воспоставување координација меѓу земјите на ЕУ во врска со имигрантите, но подвлече дека тоа е тешко.

Велејќи дека во оваа сфера би можеле да се оди и на билатерални соработки, Меркел ја изнесе следната констатација: „Меѓутоа целта овде е Европа да даде заеднички одговор на тоа.“

Напоменувајќи дека треба да се зајакнат надворешните граници на ЕУ и дека повеќе ќе ја поддржуваат Европската агенција за заштита на границите Фронтекс, германската канцеларка Ангела Меркел посака да се воведе соодветен стандард за барањата за азил во ЕУ.

Меркел истакна дека заедно со Макрон се на страната на давање поголема поддршка на земјите кои се подложени на влијанието на имигрантите и подвлече дека по ова прашање треба да покажат солидаризација сите земји членки на ЕУ.

Во сферата на економијата пак Меркел напомена дека е изнајдено добро решение и рече: „Ќе вложуваме напори за европскиот буџет“.

На тој начин, Меркел истакна дека ќе бидат зголемени инвестициите во Еврозоната и дека воедно имаат за цел да го развијат и Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) кон „Европски монетарен фонд (ЕМФ)“. 

Ангела Меркел го појасни и тоа дека се воведени нови предлози и по прашањето на доведување на банкарскиот сектор во Европа во поиздржлива состојба пред кризите.

Потсетувајќи дека било разговарано и за прашањето на конструктивните реформи во ЕУ, Меркел подвлече дека се едногласи со Макрон во однос на намалувањето на бројот на комесарите на задача во ЕУ.  

Ангела Меркел напомена дека со Макрон постигнале сеопфатна согласност, дека во однос на овие значајни прашања за Европа во наредниот период ќе работат заедно и со останатите земји на ЕУ и дека до крајот на 2018 година посакуваат да добијат и конкретни резултати од тоа.

на едно поставено прашање во врска со тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп околу тоа дека поради миграцијата е зголемен порцентот на извршени кривични дела во Германија, германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека министерството за внатрешни работи пред кусо време го соопшти статистичкиот извештај во врска со кривичните дела и рече: „Ние таму гледаме мал позитивен развој.“

Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека за политиката со мигрантите треба да се изнајде заедничко решение во рамките на Европа.

Привлекувајќи внимание кон тешкотиите кои што ги доживуваат Шпанија, Грција и Италија, Макрон напомена дека Германија и Франција ќе работат за изнаоѓање на заедничко решение и рече: „По ова прашање ќе работиме со сите наши партнери.“

Емануел Макрон стави акцент на значењето на борбата против криумчарењето со луѓе по што привлече внимание кон имигрантите кои доаѓаат преку Либија.

Макрон истакна дека го поддржува барањето на Меркел за изнаоѓање на заедничко решение во Европа по прашањето на имигрантите и додаде дека Европа би можела да постигне напредок доколку делува независно и во единство.

Привлекувајќи внимание кон постигнатиот компромис во сферата на економија, францускиот претседател Емануел Макрон рече: „Денеска ја започнуваме втората етапа по прашањето на нашата заедничка парична единица.“

Макрон додаде дека со донесената одлука посакуваат да се воспостави стабилноста и да се спречат кризите во Еврозоната.

 



Слични вести