Израелски воени авиони реализираа воздушен напад на 23 цели на Хамас на Појасот Газа

„Како одговор на истреланите ракети од Газа кон Израел израелски воени авиони реализираа воздушен напад на 23 цели на Хамас меѓу кои и една цел за обука под земјата“, - напиша портпаролот на израелската армија Авучај Адрае на својата сметка на Твитер

995614
Израелски воени авиони реализираа воздушен напад на 23 цели на Хамас на Појасот Газа

Израелската армија реализира воздушен напад на 23 цели на Хамас на Појасот Газа.

Портпаролот на израелската армија Авучај Адрае во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша дека како одговор на истреланите ракети од Газа кон Израел израелски воени авиони реализираа воздушен напад на 23 цели на Хамас меѓу кои се наоѓа и една цел за обука под земјата.

Велејќи дека од границата со Газа кон југот на Израел биле истрелани приближно 30 ракети од кои 7 биле уништени, а три паднале во границите на Газа, Адрае го напиша следното: „Хамас синоќа реализираше опасен ракетен напад против внатрешните делови во Израел. Хамас кој ги води Газа и народот кон затегнатост се смета за одговарен за се што се случува во Газа.“ 

Инаку, израелската армија соопшти дека како одговор на леталата-змејови и балоните за кои тврди дека биле испратени од Газа и носеле запалива стустанција биле погодени три цели на Хамас.



Слични вести