Во самоубиствен напад во Авганистан за време на честитање Бајрам загинаа 20 лица

Во Рудат во Нангархар самоубиствен напаѓач ја активирал бомбата на себе за време на церемонијата на честитање Бајрам помеѓу Талибан и безбедносните сили, по прогласениот прекин на огнот и во нападот загинале 20 лица, а 16 лица биле повредени

993598
Во самоубиствен напад во Авганистан за време на честитање Бајрам загинаа 20 лица

Во реализиран самоубиствен напад за време на церемонијата на честитање Бајрам помеѓу Талибан и безбедносните сили во Авганистан по прогласениот прекин на огнот меѓу страните, животот го загубија 20 лица, а 16 лица се повредени.

Портпаролот на губернијата во Нангархар Атаулах Хогјани истакна дека во населеното место Рудат во Нангархар самоубиствениот напаѓач ја активирал бомбата на себе за време на церемонијата на честитање Бајрам помеѓу Талибан и безбедносните сили, по прогласениот прекин на огнот.

Велејќи дека притоа во нападот животот го загубиле 20 лица меѓу кои имало и цивили, Хогјани рече дека воедно 16 лица биле повредени.

Атаулах Хогјани додаде дека на церемонијата на честитање Бајрам учествувале и цивили.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Инаку, авганистанскиот претседател Ешреф Гани претходно соопшти дека до 20 јуни е прогласен прекин на огнот кон Талибан, по што и Талибан соопшти дека во текот на Рамазан Бајрам се прогласува тридневен прекин на огнот.



Слични вести