Авганистанскиот претседател Ешреф Гани го продолжи прекинот на огнот со Талибан

Авганистанскиот претседател Ешреф Гани не даде било какви информации за тоа до кога е продолжен прекинот на огнот и само истакна дека очекуваат позитивен одговор од Талибан и дека се има за цел да се постигне мир

993719
Авганистанскиот претседател Ешреф Гани го продолжи прекинот на огнот со Талибан

Авганистанскиот претседател Ешреф Гани соопшти дека еднострано се продолжува прекинот на огнот со Талибан за кој што претходно беше истакнато дека ќе трае до 20 јуни.

Гани во изјавата за авганистанската национална државна телевизија (РТА) не даде било какви информации за тоа до кога е продолжен прекинот на огнот и само истакна дека очекуваат позитивен одговор од Талибан и дека се има за цел да се постигне мир.

Ешреф Гани напомена дека во знак на почит кон одлуката за прекин на огнот се ослободени 46 милитанти на Талибан и дека доколку се добие позитивен одговор од Талибан ќе бидат ослободени и останатите припадници на организацијата кои се наоѓаат во затвор.

Велејќи дека одлуката за прекин на огнот покажува оти и двете страни размислуваат исто во врска со мирот, Гани нагласи дека авганистанскиот народ веќе сака мир.

Засега не пристигна одговор од Талибан на оваа изјава на Ешреф Гани.

Инаку, авганистанскиот претседател Ешреф Гани претходно соопшти дека се прогласува привремен прекин на огнот со Талибан до 20 јуни и истакна дека прекинот на огнот ќе започне на 12 јуни и ќе трае до 19 јуни.

Исто така и Талибан соопшти дека за време на Рамазан Бајрам прогласува тридневен прекин на огнот.

Талибан за прв пат прогласува прекин на огнот по окупацијата на САД на Авганистан во 2001 година.



Слични вести