Анџелина Џоли го посети ирачкиот град Мусул кој е претворен во рушевини

Светски познатата американска актерка Анџелина Џоли прошета меѓу урнатините во западните делови, стариот дел на Мусул, разговараше со жителите во овој дел на градот и беше информирана во врска со нивните потреби и работите за повторна изградба на градот

993780
Анџелина Џоли го посети ирачкиот град Мусул кој е претворен во рушевини
angelina jolie irak2.jpg
angelina jolie irak1.jpg

Светски познатата холивудска ѕвезда добитничка на Оскар награда и амбасадорка на добра волја на Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР) Анџелина Џоли, го посети градот Мусул во Ирак кој поради нападите на терористичката организација ДЕАШ и судирите е претворен во рушевини..

Светски познатата американска актерка Џоли прошета меѓу урнатините во западните делови, стариот дел на Мусул, разговараше со жителите во овој дел на градот и беше информирана во врска со нивните потреби и работите за повторна изградба на градот. 

Од друга страна, според објавеното писмено соопштение од Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР) Анџелина Џоли во оваа прилика го употребила изразот: „Ова е најголемо рушење кое што го видов во текот на годините колку што работам со УНХЦР“.

Џоли рече  дека луѓето изгубиле сè што имале, нивните куќи се срушени, станале сиромашни, немаат лекови за децата и дека поголемиот дел од нив немаат дури и вода за пиење.

Таа истакна дека по неискажливиот шок што го доживеаја поради окупацијата на ДЕАШ луѓето сега со ограничена помош се обидуваат повторно да ги изградат своите домови и додаде дека и покрај сите нагативности и болки повеќето од овие луѓе се оптимисти така да самите ги кренале рушевините на своите куќи и си помагале едни на други.

Нагласувајќи дека на народот му е потребна помош, амбасадорката на добра волја на ОН Анџелина Џоли воедно привлече внимание дека стабилноста на градот е неопходна за стабилноста на цел Ирак и за регионот во иднина.

Инаку, светски познатата холивудска ѕвезда добитничка на Оскар награда и амбасадорка на добра волја на Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР) Анџелина Џоли и претходно ги посети бегалците во Ирак кои поради нападите на терористичката организација ДЕАШ биле принудени да ги напуштат своите домови.

 



Слични вести