Испратено писмо со сомнителна бела супстанца до амбасадорката на САД во Канада

Писмото со сомнителна бела супстанца во вид на прашок за кое што канадските и американските безбедносни органи започнале истрага било испратено до резиденцијата на амбасадорката на САД во Отава Кели Најт Крафт

993245
Испратено писмо со сомнителна бела супстанца до амбасадорката на САД во Канада

До амбасадорката на САД во Канада Кели Најт Крафт испратено писмо со сомнителна бела супстанца во вид на прашок кое содржело и закани со смрт.

Писмото во однос на случајот во врска со што канадските и американските безбедносни органи започнале истрага било испратено до резиденцијата на амбасадорката на САД во Отава.

Белата супстанца во вид на прашок која што била установена за време на контролата на надлежните за безбедност на амбасадата ќе се испитува од страна на експерти.

Како што се наведува прашокот не бил со смртоносно влијание, меѓутоа во писмото биле напишани закани со смрт.

Во писмото се барало од амбасадорката на САД во Канада Кели Најт Крафт да поднесе оставка и било напишано дека доколку не го стори тоа ќе биде убиена, а воедно во писмото биле напишани закани и против американскиот претседател Доналд Трамп.

Амбасадорката Кели Насјт Крафт истакнала дека е загрижена во врска со оваа состојба.

Како што се вели, започната истрага од страна на Канадската кралска коњаничка полиција се води во Отава и во Квебек.

Канадската министерка за надворешни работи Кристијана Фриланд во пораката што ја објави на својата сметка на социјалната мрежа напиша: „Доставените закани се неприфатливи. Амбасадорката Крафт остварува значајна и тешка задача, поради што Канада покажува почит кон оваа нејзина задача.“

Инаку, односите помеѓу Канада и САД беа затегнати откако американскиот претседател Доналд Трамп кон новите тарифи за челикот и алуминиумот кои што ги воведе ја приклучи и оваа земја.

Затегнатоста беше продолжи со нејзино зголемување и за време и по самитот на лидерите на земјите од групата Г-20 што се одржа минатата недела во Канада, така да достигна дури и до изјави со навреда кои што беа упатени од страна на некои советници на САД против канадскиот премиер Џастин Трудо.



Слични вести