Доналд Трамп и Ким Јонг-ун се состанаа во Сингапур

Средбата помеѓу американскиот претседател Диналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун која се очекуваше со голема заинтересираност ширум светот се одржа во хотелот Капела на островот Сентоса во Сингапур

990663
Доналд Трамп и Ким Јонг-ун се состанаа во Сингапур

Американскиот претседател Диналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун се состанаа во Сингапур.

Средбата која се очекуваше со голема заинтересираност ширум светот се одржа во хотелот Капела на островот Сентоса во Сингапур.

Самитот започна во 09:00 часот спроед локално време со историско ракување помеѓу двајцата лидери коио пред средбата дадоа куси изјави за претставниците на печатот.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Ќе биде успешна средба. Чувствувам голема чест. Апсолутно не се сомневам во тоа дека ќе имаме извонреден однос.“ 

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун пак рече: „Многу е убаво да се биде овде. Нашите предрасуди и размислувања во минатото секогаш претставуваа препрека пред нас. Ги надминавме овие препреки и денеска сме овде.“

Потоа двајцата лидери преминаа на средба лице в лице која што траеше приближно 45 минути.

За време на оваа средба покрај лидерите се наоѓаа само нивните преведувачи.

Двајцата лидери по средбата ја информираа јавноста.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека средбата помина многу добро и дека односите се извонредни.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун пак рече: „Овде дојдовме со отворени идеи. Верувам дека ќе остварам успешна средба со вас.“

Потоа се премина на средба помеѓу меѓуделегаците на двете земји.

Двајцата лидери Трамп и Ким потоа фрлија потпис на обемен договор помеѓу двете земји кој ги содржи безбедносните гаранции.

Согласно овој документ Северна Кореја ветува дека целосно се откажува од нуклеарното оружје.

Освен тоа документот го содржи и воспоставувањето на односите помеѓу САД и Северна Кореја. 

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека ќе го покани севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун да ја посети Белата куќа и дека процесот на денуклеаризација ќе започне интензивно.

 



Слични вести