Воздушните напади на Идлиб предизвикуваат голема загриженост

Антонио Гутереш упати повик за што поскоро окончување на воздушните напади и судирите

989890
Воздушните напади на Идлиб предизвикуваат голема загриженост

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази голема загриженост од воздушните операции на сирискиот град Идлиб во кои има цивилни загуби, додека меѓу загинатите има и деца.

Во соопштението кое беше објавено од страна на портпаролството на Генералниот секретар на ОН беше истакнато дека согласно договорот во Астана, Идлиб е подрачје каде што треба да се намали напнатоста и беше упатен повик до земјите гаранти Русија, Турција и Иран да извршат притисок врз страните за да се придржуваат кон договорот.

Во соопштението беше истакнато дека на 7 и 8 јуни беа извршени воздушни напади на селото Зердене северно од Идлиб. Генералниот секретар на ОН Гутереш чувствува голема загриженост од воздушните напади на Идлиб чија популација 60 насто поради судирите беше принудена да ги напушти домовите, како и од цивилните човечки загуби во нападите на градот меѓу кои има и деца.

Гутереш упати повик за што поскоро окончување на воздушните напади и судирите, како и заштита на цивилите и цивилната инфраструктура.

Во воздушните напади на борбените авиони на силите на режимот на Сирија на една детска болница и населено место во Идлиб, подрачјето во кое треба да се намали напнатоста, загинаа 17 лица.

Во воздушните напади во четврток навечер на населените места во селото Зердене кај Идлиб загинаа најмалку 42 лица.

На состанокот во Идлиб што се одржа на 4 и 5 мај 2018 во Астана, Идлиб на северозападната страна на Сирија кој се наоѓа под контрола на воените дисиденти и вооружените групи кои се против режимот, беше прогласен за подрачје во кое треба да се намали напнатоста. Додека силите на режимот а повремено и Русија продолжуваат со воздушните напади на ова подрачје.



Слични вести