Заврши Самитот Г-7 што се одржа во Канада

Главен белег на Самитот удри реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп против канадскиот премиер Џастин Трудо

989730
Заврши Самитот Г-7 што се одржа во Канада

Во Канада заврши Самиот на Г-7 како што е познат самитот на најразвиените седум светски економии.

Главен белег на Самитот удри реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп против канадскиот премиер Џастин Трудо.

Самитот на Г-7 во Канада помина доста напнато поради дополнителните даночни стапки коишто ги воведе САД врз челикот и алуминиумот што го увезува од земјите членки на ЕУ, Канада и Мексико.

Завршната декларација на Самитот на Г-7 ја прочита канадскиот премиер Трудо кој насочи тешки критики против Трамп.

Трудо рече дека покрај ставот на Трамп во однос на случувањата во трговијата, на крајот постигнале многу значаен успех на дводневниот самит.

Во декларацијата беше истакнато дека на самитот беше усвоена заедничка одлука за инвестиции кои ќе овозможат раст за сите, подготовки за професиите кои ќе бидат од големо влијание во иднината, како и придонес за постигнување поголема полова еднаквост.



Слични вести