Во САД започна гласањето за претседателските и парламентарните избори

Почнувајќи од 09.00 часот граѓаните почнаа да гласаат во изборниот центар во Генералниот конзулат на Турција во Њујорк

989496
Во САД започна гласањето за претседателските и парламентарните избори

Гласачите кои се регистрирани во САД, почнаа да гласаат за претседателските и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24 јуни.

Почнувајќи од 09.00 часот граѓаните почнаа да гласаат во изборниот центар во Генералниот конзулат на Турција во Њујорк.

Над 106 илјади регистрирани гласачи во САД, почнувајќи од денес до 17 јуни, секој ден ќе можат да гласаат од 09.00 до 21.00 часот во гласачките центри во Њујорк, Вашингтон Д.С., Бостон, Мајами, Хјустон, Чикаго и Лос Анџелес.

Граѓаните во Њујорк, во текот на неделата ќе можат да гласаат во пет, а за викендот во три гласачки кутии.



Слични вести