Денес се одржува 18-от Самит на Шангајската организација за соработка

Треба да се откажеме од свеста на Студена војна и судири меѓу блоковите како и непочитувањето на спротивната страна и напорите за обезбедување на сопствената безбедност.

989613
Денес се одржува 18-от Самит на Шангајската организација за соработка

По Самитот на Г-7 на кој Русија беше изолирана, денес се одржува Самитот на Шангајската организација за соработка.

На Самитот што се одржува во кинескиот град Кингдао ќе се разгледаат новите царински тарифи на САД.

18-от Самит на Шангајската организација за соработка започна со говорот на кинескиот претседател Кси Џинпинг кој во говорот во оваа прилика рече:

Треба да се откажеме од свеста на Студена војна и судири меѓу блоковите како и непочитувањето на спротивната страна и напорите за обезбедување на сопствената безбедност.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Шангајската организација за соработка е многу позначајна од Г-7.

На Самитот, освен лидерите на постојаните земји членки како што се Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, година учествуваа и лидерите на Индија и Пакистан, кои лани станаа членки на организацијата.

Главни теми на самитот беа новите царински тарифи на Вашингтон кој со истите започна трговска војна, Севернокорејското прашање и Нуклеарниот договор со Иран.



Слични вести