Во воздушни напади во Идлиб загинаа најмалку 20 цивили, а 80 цивили се ранети

Директорот за цивилна одбрана (Белите шлемови) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф истакна дека во реализирани воздушни напади во подрачјето на градот Идлиб загинаа најмалку 20 цивили, а 80 цивили се ранети

988367
Во воздушни напади во Идлиб загинаа најмалку 20 цивили, а 80 цивили се ранети

Во реализирани воздушни напади во подрачјето на градот Идлиб во Сирија загинаа најмалку 20 цивили, а 80 цивили се ранети.

Директорот за цивилна одбрана (Белите шлемови) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф истакна дека синоќа беа реализирани воздушни напади на селото Зердене во северниот дел на руралното подрачје на градот Идлиб.

Велејќи дека во воздушните напади загинаа најмалку 20 цивили, а 80 цивили се ранети меѓу кои и 5 лица претставници за цивилна одбрана, Хаџ Јусуф рече: „Во извршените воздушни напади на едно пазарско место и во близина на една џамија во селото Зердене кај Идлиб загинаа животот го загубија најмалку 20 цивили, а 80 цивили се ранети.“

Во објавеното соопштение од Опсерваторијата за авиони на опозиционерите пак се вели следното: „Воздушните напади ги реализираа руски воени авиони од типот СУ 24 кои полетаа од Латакија.“

Екипите за цивилна одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување во областа каде што беа извршени воздушните напади.

Инаку, подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија под контрола на опозиционерите и антирежимските вооружени групи на состанокот во Астана на 4 и 5 мај 2017 година беше прогласено за „област за намалување на затегнатоста“.

Меѓуоа сирискиот режим а повремено и Русуија продолжуваат да реализираат воздушни напади во ова подрачје.



Слични вести