Столтенберг: НАТО и ЕУ во јули ќе потпишат заедничка декларација за зајакнување на соработката

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека во јули ќе биде потпишана заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу НАТО и Европската унија (ЕУ)

988978
Столтенберг: НАТО и ЕУ во јули ќе потпишат заедничка декларација за зајакнување на соработката

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг додека сеуште продолжуше состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел даде изјава за претставниците на печатот во која истакна дека на седницата на која беше разговарано за соработката меѓу НАТО и Европската унија (ЕУ) присуствуваше и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

Столтенберг напомена дека ќе биде потпишана заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу НАТО и Европската унија (ЕУ).

Привлекувајќи внимание на тоа дека во последните две години соработката меѓу НАТО и ЕУ достигна до „досега невидено ниво“, Столтенберг рече: „Во јули со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Комисијата на ЕУ Жан-Клод Јункер ќе фрлиме потпис  на заедничка декларација со која ќе се унапреди уште повеќе нашата соработка.“

Јенс Столтенберг истакна дека ЕУ и НАТО соработуваат во 74 сфера како што се хибрид и сајбер операциите, борбата против тероризмот, воените маневри и воената раздвиженост, а воедно напомена дека повеќе од 90 насто од граѓаните на Европската унија (ЕУ) живеат во НАТО и дека затоа постојат заеднички интереси и предизвици.

 



Слични вести