Провокација од Австрија: Ќе бидат затворени 7 џамии
Австрискиот премиер Себастијан Курц истакна дека ќе бидат затворени 7 џамии и ќе бидат депортирани голем број имами под изговор дека се финансирани од странство

Погрдна провокација од Австрија...
Австрискиот премиер и лидер на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) Себастијан Курц истакна дека ќе бидат затворени 7 џамии во земјата и ќе бидат депортирани голем број имами (џамиски оџи) под изговор дека се финансирани од странство.
Појаснувајќи дека одлуката е донесена на крајот од истрагата која што беше водена за некои џамии, здруженија и верски личности во земјата, Курц рече: „Паралелните општества, политичкиот ислам и радикализацијата немаат свое место во нашата земја.“
Курц воедно напомена дека 7 џамии ќе бидат затворени и дека ќе бидат депортирани и оние имами (џамиски оџи) чии плати се исплаќаат од страна на други земји.
Австрискиот премиер Себастијан Курз и претходно истакна дека локалната самоуправа на Виена на Социјалдемократската партија (СПО) „треба да се однесува построго“ по прашањето на државната помош која што им се доделува на муслиманските здруженија.