Нацрт-законот за данок на доход во Јордан ќе биде повлечен од собраниската комисија

Нацрт-законот за данок на доход на јорданската влада беше дочекан со реакција од страна на голем број средини и освен во главниот град Аман беа одржани големи протести и во други градови

988491
Нацрт-законот за данок на доход во Јордан ќе биде повлечен од собраниската комисија

Нацрт-законот за данок на доход кој беше причина за одржување на масовни протести во Јордан по формирањето на новата влада во оваа земја идната недела, ќе биде повлечен од собраниската комисија.

Омер ер-Резаз кој по оставката на премиерот Хани ел-Мулки е назначен за мандатор за формирање на новата влада по остварените разговори со претседателот на собранието и со некои министри одржа конференција за претставниците на печатот во Аман.

Резаз истакна дека дискутабилниот нацрт-закон за данок на доход по формирањето на новата влада идната недела ќе биде повлечен од собраниската комисија.

Инаку, Јордан повеќе од една недела е сцена на масовни протести против нацрт-законот за данок на доход.

Јорданската влада минатиот месец го достави до Претставничкиот дом нацрт-законот за данок со кој што велеше дека ќе се обезбедат приходи од 100 милиони денари (приближно 141 милион долари).

Нацртот за кој што се смета дека е насилно наметнат од  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) беше дочекан со реакција од страна на голем број средини и освен во главниот град беа одржани големи протести и во други градови.

Јорданскиот премиер Мулки по масовните протести во понеделникот поднесе оставка, меѓутоа протестите не завршија.

По оставката на Мулки јорданскиот крал Абдулах втори за мандатор за составување на новата влада го назначи Омер ер-Резаз кој ја извршуваше функцијата министер за образование.

 



Слични вести