Во два едновремени бомбашки напади во Багдад загинаа 10 лица, а 21 лице се ранети

Во две едновремени експлозија во две одделни места во близина на една џамија на Шиитите во маалото Ес-Садр во главниот град Багдад загинаа 10 лица, а 21 лице се ранети

987557
Во два едновремени бомбашки напади во Багдад загинаа 10 лица, а 21 лице се ранети

Во два едновремени бомбашки напади во близина на една џамија на Шиитите во главниот град на Ирак Багдад животот го загубија 10 лица, а 21 лице се ранети.

Поручникот од прва класа Халил ез-Зијаб истакна дека дошло до едновремена експлозија на поставени бомби на две одделни места во близина на една џамија на Шиитите во маалото Ес-Садр во источниот дел на главниот град Багдад.

Велејќи дека се претпоставува оти напаѓачите се припадници на терористичката организација ДЕАШ, Зијаб рече дека безбедносните сили го зеле местото на експлозиите под безбедносен обрач и дека пред можноста од нов напад биле зголемени безбедносните мерки во областа.

Еден ирачки функционер од болницата Ел-Имам во маалото Ес-Садр пак истакна дека по експлозиите во болницата биле донесени мртвите тела на 10 лица и 21 рането лице.

 



Слични вести