Новата влада на Џузепе Конте доби доверба и од Претставничкиот дом

За новата италијанска влада на чело со премиерот Џузепе Конте во Претставничкиот дом, Долниот дом на италијанскиот парламент 350 пратеници гласаа „за“, 236 пратеници гласаа „против“ и 35 пратеници беа воздржани

987971
Новата влада на Џузепе Конте доби доверба и од Претставничкиот дом

Новоформираната влада на Италија која вчера доби доверба од Републичкиот Сенат денеска со поддршката на 350 пратеници доби доверба и од Претставничкиот дом.

За коалиционата влада на партијата Лига и Движењето пет ѕвезди М5С на чело со премиерот Џузепе Конте во Претставничкиот дом, Долниот дом на италијанскиот парламент 350 пратеници гласаа „за“, 236 пратеници гласаа „против“ и 35 пратеници беа воздржани.

Во меѓувреме, изјавата на новиот италијански премиер Конте кој за време на своето обраќање пред парламентот рече „секој има судир на интереси“ доведе до дискусии.

Остра реакција против оваа изјава на Конте покажаа особено пратениците на левичарската Демократска партија (ПД), додека Конте рече: „Не обвинувам никого, меѓутоа во најскоро време ќе се справиме со тоа.“

Со повикот на Демократската партија (ПД) за оддавање почит на Пиерсанти Матарела, братот на претседателот Серџио Матарела, кој го загуби животот во извршениот атентат во 1980 година од мафијата доведе до нагло зголемување на затегнатоста помеѓу владата и опозиционите партии и особено Демократската партија (ПД).

Пратениците на партијата Лига и Движењето пет ѕвезди М5С коалициони партнери во новата влада не станаа на нозе за да му оддадат почит на Пиерсанти Матарела поради што дојде до вербално префрлање помеѓу Демократската партија (ПД) и владата.

Новоформираната влада на премиерот Џузепе Конте со гласовите на 171 пратеник вчера ја доби довербата и од Републичкиот Сенат, Горниот дом на италијанскиот парламент кој брои 321 пратеничко место.



Слични вести