Метис :Водиме сметка за безбедносните интереси на Турција

Американскиот државен секретар за одбрана Џим Метис за постигнатиот договор меѓу неговата земја и Турција околу Менбич во Сирија рече дека мора да се најде начин за легитимните интереси на Турција.

987690
Метис :Водиме сметка за безбедносните интереси на Турција

Американскиот државен секретар за одбрана Џим Метис за постигнатиот договор меѓу неговата земја и Турција околу Менбич во Сирија рече:

„Турција за НАТО претставува фронтална земја.Мораме да најдеме начин за легитимните интереси на Турција.“

Метис оваа изјава ја даде во разговор со новинарите во авион на лет кон Брисел по повод министерскиот самит на НАТО.

Метис додаде дека треба да се води сметка за безбедносните интереси на Турција и за тоа како тие уште повеќе да се зацврстат.Турција е фронтална земја за НАТО,и тоа земја која што се наоѓа на самиот фронт пред кој што се испречува катастрфата која режимот на Асад ја донесе за сопствениот народ со поддршката на Иран и на Русија.

На прашањето на еден новинар како САД мислат да соработуваат истовремено и со сојузникот Турција и со терористичко-сепаратистичката организација ЈПГ/ПКК Метис го даде следниот одговор:

„Ова е навистина комплицирана ситуација, дури можам да речам најкомплицирана ситуација која сум ја видел досега,но без сомнение работиме заедно со Турција околу нивните  резерви а во исто врмеме се бориме против ДЕАШ. Тоа е навистина тешко,признавам,но ние го правиме тоа. Вложуваме напори да ги решаваме проблемите и тоа водејќи сметка за интересите на сојузникот Турција.“

 



Слични вести