Доналд Трамп за прв пат приреди ифтарска вечера во Белата Куќа откако стана претседател

На ифтарот, на кој беа повикани претежно амбасадорите и дипломатите од муслиманските земји, Трамп ги пофали убавините на Рамазанот и ги повика на соработка на Блискиот Исток.

988186
Доналд Трамп за прв пат приреди ифтарска вечера во Белата Куќа откако стана претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп за прв пат приреди ифтарска вечера во Белата Куќа,откако стана претседател.

Ифтарската вечера се одржа во организација на претседателството по повод одбележувањето на месец Рамазан и покрај напнатите односи со американската муслиманска заедница.

За време на ифтарот, на кој беа повикани претежно амбасадорите и дипломатите од муслиманските земји, Трамп ги пофали убавините на Рамазанот и ги повика на соработка на Блискиот Исток.

„Вечерва, додека уживаме во величествената вечера во Белата куќа, треба да се потрудиме да ги оствариме милоста и добрината што го означуваат месецот Рамазан“, изјави американскиот претседател пред присутните.

„Ајде да се помолиме за мир и правда и да е стремиме тие вредности да нè водат додека заедно работиме за да изградиме светла и просперитетна иднина што го величи и слави Бога“, додаде тој.

Според Белата куќа, на ифтарот присуствувале потпретседателот Мајк Пенс, зетот на Трамп, Џаред Кушнер и уште неколку членови на кабинетот, како и амбасадорите од Саудиска Арабија, ОАЕ, Тунис, Кувајт, Индонезија, Јордан, како и претставници на Турција и други муслимански земји.

Некои од најголемите муслимански организации во државата рекоа дека не се повикани на ифтарот, така што ифтарот го одржале отспротива на Белата куќа, на Плоштадот Лафејет.



Слични вести